Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека од досегашните контроли на над 3.100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 лиценци констатирано е неправилно работење и поради тоа на сите овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците.
Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.