На денешното судско рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителката Жаклина Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видески го дал во Обвинителството на 04-12-2023 година, во кое тој детално објасни како го грабнале Жежовски и како Палчо го убил, а се осврна и на убиството на Вања, за кое тврди дека го извршил Палевски.
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје.