Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени 4 степени, 6 степени било во Крушево, 7 во Маврови Анови, 8 во Охрид, Претор, Прилеп, 9 во Тетово и Берово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци и Струмица, 11 во Скопје-Петровец и Виница, 12 во Велес и Гевгелија, 13 во Штип и Демир Капија.
Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време , на некои места со повремени врнежи од дожд.