360stepeni
„Не се преговара и не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор, а тоа е да добиеме функционерски плати, просечна плата по коефициент на сложеност или зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 проценти во нето, или 12, 9 проценти во бруто“, Тој обвини дека од последната прес-конференција се засилиле нападите од политичка партија кон синдикатите здружени во ССМ и кон Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Се засилија нападите како од политичка партија така и од политички поставени директори кои примаат плата од нашите плати, кои ги плаќаме како даноци во државата, не ги плаќаме за да ги минираат процесите за да ги намалуваат платите и за да не ги остваруваат барањата и заложбите на работниците, не ги плаќаме за жестоко да се борат со закани, со уцени за отказ од работни места, за намалување на плата, за суспендирање на наши синдикални активисти, со една цел да направат друг Синдикат репрезентативен на штета на работниците“, Како што информираше, денеска почнала со работа Комисијата за утврдување на репрезентативност, и посочи дека само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, ниту еден друг синдикат нема поднесено барање. 360stepeni