Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најави дека на 2 април ќе одржат протест на улиците во Скопје. Press24
На 2 април во 12:05 часот, Сојуз на Синдикати на Македонија (ССМ) ќе одржи протест на улиците во Скопје, најавија денеска оттаму велејќи оти тој доаѓа откако Владата во вторникот ја усвои информацијата за минималната плата да се зголеми за 1 800 денари во нето-износ.
„ССМ излегува на улица на 2-ри април, онака како што ветивме пред еден месец. 360stepeni
Задутре членството на Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест.
Зголемување на минималецот без согласност од Економско социјалниот совет односно синдикатите, отсуството на преговори за зголемување на платат во јавниот сектор, според колективните договори и константите политички притисоци врз членството преку директорите именувани од Владата се причините поради кои ССМ на 2 април излегува на протест. Press24