Како резултат на тоа во последните години ни се случија неколку масовни несреќи, меѓу кои и последната голема трагедија во Кочани.
Потребна е целосна поддршка на енергичните напори и заложби на институциите на државата за расчистување на истите. Netpress
Во оваа пригода претседателот на МАНУ соопшти и иницијатива за подготовка на физибилити студија за формирање нов центар на извонредност за нови технологии на МАНУ.
За да се фокусираат на реализација на плановите, Попов укажа дека се потребни капитални инвестиции, поголем буџет и нови вработувања во админстративната служба. Plusinfo
Тој рече дека перспективата на евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“ и дека е „многу позитивно и не треба да се пренебрегне“ тоа што има „битно подобрување на нашите односи со американската администрација предводена од претседателот Трамп“.
„Тоа на поголемиот дел од македонскиот народ му влева надеж дека може да добие одредена поддршка во решавањето на билатералниот спор со Бугарија и во подобрувањето на релациите со Брисел. Nezavisen