Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите, доволно да биде наведувањето импресум, транспарентна сопственост, уредништво, мк домејн и адреса, укажаа повеќето учесници на денешната панел-дискусија за предлог-измените на Законот за медиуми што ја организра Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што беше речено, бројот на вработени и некои други построги критериуми кои би можеле да се додадат во законското решение, треба да важат само доколку овие медиуми аплицираат за некаква форма на државни субвенции или пари од кампањи. Civilmedia