Соработката вклучува трансфер на технологија, техничко знаење и експертиза за производството и подобрување на производствените капацитети, модернизација на производни линии, подобрување на извозните можности, заеднички истражувања за зголемување на извозниот потенцијал на меѓународните пазари, обука и техничка помош, развој на програми за обука и подобрување на техничка експертиза.
Исто така, меморандумот ќе опфати и заедничко вложување и отворање нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија со заеднички инвестиции на двете страни што ќе овозможи отворање на нови работни места. Nezavisen
Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија, со заеднички инвестиции на двете страни. Libertas