Токму преку примерот на Јован Костадинов може да се увиди колку е важна обуката на децата уште од најмала возраст, како во делот на давање прва помош така и при стекнувањето основни знаења за ракување со противпожарна опрема и за навремено детектирање на опасностите што со себе ги носат пожарите Силни емоции во целото македонско општество предизвика херојското дело на 19-годишниот Јован Костадинов од Виница, кој ризикувајќи го сопствениот живот успеа да спаси повеќе од 20 луѓе извлекувајќи ги пред налетот на чадот и пламените јазици во пожарот што на 16 март ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 59 лица загинаа, а 203 беа повредени.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со младиот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 лице од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.