„Успешната битка за животот на повредените од страшната трагедија не беше можна без импресивната хуманост и солидарност на државите, народите и граѓаните од регионот, но и многу пошироко, како и од активираниот европски систем за цивилна заштита, но исто така и на НАТО за што сме им бескрајно благодарни“, Целта на постоењето на Алијансата, рече Сиљановска-Давкова, се мирот и безбедноста на нејзините земји-членки, но и во светот, оценувајќи дека низ децениите НАТО прерасна во стожер на северноатлантскиот и на европскиот безбедносен поредок како предуслов за мир и развој.