Министерот за здравство Арбен Таравари вчера на прес-конференција кажа дека на клиниките во Скопје ќе останат само 14 пациенти кои што се лекуваат од повредите во пожарот во Кочани, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. Novamakedonija
На Клиниката за токсикологија, додаде министерот, има шест пациенти, двајца се на пластична хирургија , шест во стара Градска болница, пет во „8 Септември“ и тројца во приватната болница „Систина“.
Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев појасни дека шесте пациенти кои се на Клиниката во моментот се оние кои се вратија од лекување во странство и оти кај сите токсиколошките анализи биле во референтни вредности. Telma
Една пациентка од Бугарија, појасни, веќе е во хотел и оди само на амбулантски прегледи.
И за четворицата критични пациенти добиваме добри вести, дека иако се сеуште во тешка состојба, но во подобрена во однос на вчерашниот ден. Novamakedonija