Денес, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор Павле Трајанов.
На седницата, којашто е прва по назначување на новиот состав, националниот координатор информираше за поставеноста и дејствувањето на Националниот комитет во кој се вклучени дваесет и две институции, како и за соработката со Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, Меѓународната организација за миграција (ИОМ), амбасадите на САД, Холандија, Германија, Велика Британија и други, како и соработката со граѓанскиот сектор.