Излевањето на тешки метали од рудникот Тораница во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја, предупредува опозициската СДСМ.
Фирмата „Булмак 2016 ДООЕЛ“ од Пробиштип, подружница за Рудник Тораница ќе треба да плати отштета во висина од 200 илјади евра откако по вонреден извршен надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина било утврдено прекршок од трета категорија.
По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.
БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација.