Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата Вреди, Арбен Таравари, синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата.
Засега не, и не планираме да излеземе од Владата, рече Таравари . Министерот за здравство и еден од лидерите во Коалицијата која ја сочнуваат четири партии, Арбен Таравари ја повтори оценката дека коалицијата функционира недоволно синхронизирано, и оти очекува тоа да се поправи, но и дека не размислуваат да си заминат од Владата.