Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот.
Учесниците ќе продолжат до Собранието, Стопанската комора и Владата каде ќе продолжи одржувањето на седницата од која ќе се упатат пораките „Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!“, „Подадената рака на работникот денес, може лесно да стане стисната тупаница утре!“ и „Не може да се одлучува за нас, без нас!“. Како што информира денеска ССМ, јавната седница е по одлука на Претседателството на ССМ од 28 март годинава со цел да се изрази јавното мислење поради остварување на социјални и економски интереси за заштита на работничките права и правото на слобода на здружување и синдикалното организирање.