Конкретно, со предложениот закон се утврдува дека не е дозволена употреба на пиротехнички средства определени со закон во објекти и простории од затворен тип, а се предвидуваат и прекршочни глоби за физички и правни лица кои постапуваат спротивно на забраната.
Имајќи предвид дека во процес на изготвување е нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба од страна на надлежното министерство, со конкретниот предлог се врши интервентна измена на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, до донесување на новите законски решенија со кои детално ќе бидат регулирани сите аспекти поврзани со експлозивните материи за цивилна употреба, во кои се опфатени и пиротехничките средства – се посочува во образложението на измените. Novamakedonija
Законското решение се предлага од неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по тргедијата во Кочани во која на 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица а беа повредени повеќе од 190.
Во образложението на измените и дополнувањата на Законот, што се предлага да се донесе по скратена постапка, пратениците наведуваат дека целта е да се направи интервентна измена во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир како резултат на трагедијата во ноќниот клуб во Кочани што предизвика сериозни последици по животот на голем број граѓани. Sitel
Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој е на дневен ред на денешната нова 42. собраниска седница. Civilmedia
Имајќи ги предвид заложбите на сите релевантни структури во државата за понатамошно превенирање на ризиците од неовластена злоупотреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор, се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор.
Конкретно, со предложениот закон се утврдува дека не е дозволена употреба на пиротехнички средства определени со закон во објекти и простории од затворен тип, а се предвидуваат и прекршочни глоби за физички и правни лица кои постапуваат спротивно на забраната. Nezavisen