Очекуваме, додаваат, дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите пониски од 20+1 степен Целзиусов.
Причина за ограничување на преземањето на природен гас од Бугарија кон Македонија, како што извести Номагас, е поради изведување ремонтни зафати за време на грејниот период, на транспортните системи за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот Турски тек, велат од АД ЕСМ. Nezavisen
Согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5 април годинава ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика, информираат од АД ЕСМ. Libertas