Во своето обраќање, заменик-министерката за европски прашања Трајков, истакна дека со Србија негуваме пријателски односи и взаемно почитување на правата на заедниците.
Регионалната соработка е клучна за забрзување на евроинтеграциските процеси е пораката од вчерашното обраќање на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дводневната панел-дискусија на тема "Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија", која што се одржува во Белград.