Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Алексдандар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, беше истанато на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство.
Според информациите што ги добиле од лекарите од Литванија, како што информира Небојша Настов, директор на болницата „Св. Наум Охридски“, 29-годишниот Александар Карадаковски од Кочани починал како резултат на директното оштетување на голем дел од дишното стебло, речиси 90 проценти, поради вдишениот чад, што резултирало со смрт.