Fokus
До 08:30 часот се измерени -7 степени во Маврови Анови и Крушево, -6 во Охрид, -5 во Тетово и Претор, -4 во Битола и Берово, -3 во Крива Паланка, -2 во Прилеп и Виница, -1 во Куманово и Штип, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Струмица, 1 во Велес и Демир Капија, 2 во Кавадарци, како и 4 степени во Гевгелија.
▷ Изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Пожаране, 22 литри на метар квадратен, во Крушево наврнале 21 литар, 19 во Охрид и Маврови Анови, 15 во Тетово, 14 во Битола, 13 во Претор, 10 на Попова Шапка, 6 во Виница, 5 во Прилеп, 4 во Берово, 3 во Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, како и 1 литар на метар квадратен во Штип, Демир Капија и Струмица. Fokus