Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и очекувам многу скоро убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали и како зголемените даноци од САД ќе влијаат на македонската економија.
Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со министерството за финансии, и со Стејт департментот и со кабинетот на претседателот Доналад Трамп, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.