Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија Рамсар, предводена од Флоре Лафаје, која престојува во нашата земја за да даде стручни совети и препораки како да се третира и да се стопанисува со Преспанското Езеро. Netpress
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа состанок на советодавната мисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција.
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити посочи дека потребни се итни и координирани акции за спас на Езерото, истакнувајќи ги климатските промени, користењето на водата за наводнување, како и подземните истекувања за најголеми закани. Novamakedonija
„Климатските промени, користењето на водата за наводнување и подземните истекувања се едни од најголемите закани со кои треба да се соочиме и да се обидеме да ги решиме.
Овие проблеми не можат да чекаат и затоа се потребни итни и координирани акции“, рече Меџити, додавајќи дека државата прави значителни напори да ги исполни барањата на ЕУ и Зелениот договор за заштита на природата и климатските промени, како и за заштита на водите. Skopjeinfo
Тие деновиве во соработка со домашните експерти ќе направат анализи на водите и состојбата на Преспанското езеро, кое секоја година се соочува со значително намалување на нивото на водата, но и на загрозување на неговиот биодиверзитет, по што ќе излезат со конкретни мерки.
Преспанското езеро е бисер во Европа, и за биодиверзитетот, но и за придонесите на луѓето. Kanal5