Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
23
4.92
18.14
6.88/0.45
23.00
5.67
0.25
2389.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 23
34 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 252.1
Best clustering variants
34 0.99/0.01 3 252.1
Denesen

Како што велат судијката Верка Костовска која првиот пат го водеше судскиот процес, како и судијата Ељведин Ферати постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми.

„Судијата при одмерување на казната за обвинетиот ги имал во предвид како отежнувачките така и олеснувачките околностите, и тоа: начинот на кој е сторено кривичното дело, кривичната одговорност на обвинетиот, неговиот однос во судницата, околностите поврзани за видот, карактерот, тежината и сериозноста на кривичното дело, условите на патот, околноста дека покојната коловозот го поминувала на обележан пешачки премин, штетните последици кои настанале како резултат на инкримираното дејствие, околноста дека законските застапници на покојната се приклучиле кон кривичен прогон и истакнале имотно правно барање, околноста дека обвинетиот признал вина, изразил жалење за настанот, дека порано обвинетиот не бил осудуван и не се води постапка за друго кривично дело“, велат од Здужението на судии при Основниот суд Тетово. Denesen

15:07 h 11-Apr-2025
  • Иако првично ВЈО Гостивар во март 2024та година доставило писмен предлог за одбивање на жалбата по првостепената пресуда на Менсур Пајазити како неоснована вишата обвинителката Вјолца Елмази извршила измена на писмениот предлог.
  • ◉ ЈО не гледа вина кај обвинителката Елмази што го преиначила ставот за возачот од Тетово
15:19 h 10-Apr-2025
  • И Судскиот совет е на иста линија со тетовските судии и известува дека во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска во Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од 2 години, како што пресудил Апелацискиот суд во првичната постапка.
  • И СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ОПРАВДА ПРЕСУДАТА НА СУДИЈАТА ФЕРАТИ Толку е правдата за прегазената Теодора
15:09 h
  • Тетовскиот судија Елмедин Ферати, кој го осуди на две години затвор обвинетиот што пред речиси три години смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска, донел законита одлука, велат од подружницата на Здружението на судии на РС Македонија, при Основниот суд во Тетово.
  • Судијата Ферати донел законита одлука, велат од подружницата на Здружението на судии од тетовскиот суд
13:26 h
  • Судиите од Тетово ја бранат одлуката на нивниот колега Ељмедин Ферати дека пресудата од 2 години затвор за возачот Менсур Пајазити кој ја смртно ја прегази младата Теодора Ристовска на пешачки премин е исправна и е практилно максималната казна што можела да се изрече во повтореното судење.
  • ТЕТОВСКИТЕ СУДИИ ГО БРАНАТ КОЛЕГАТА ФЕРАТИ ЗА ПРЕСУДАТА ЗА ПРЕГАЗЕНАТА ТЕОДОРА Немал право на возачот да му даде повеќе од 2 години
11:55 h
  • Судиите од тетовскиот основен суд застанаа во одбрана на судијата Ељведин Ферати кој пресуди 2 годишна затворска казна за смртта на Теодора Ристевска.
  • Судиите од Тетово во одбрана на судијата кој пресуди 2 години за смртта на Теодора: Повеќе не можеше
11:23 h 09-Apr-2025
  • Судскиот совет ќе изврши увид во пресудата од 2 години затвор за возачот Менсур Пајазити, кој во август во 2022 година смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово.
  • СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ ВО СЕКОЈА ФАЗА ЈА НАМАЛУВАА КАЗНАТА ЗА ВОЗАЧОТ ПАЈАЗИТИ Наместо со максимални 5 години затвор, заврши само со 2
09:17 h
  • Врховниот суд утврдил дека и двете судења против Менсур Пајазити, кој во 2022 на пешачки премин смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово, и во основниот суд во Тетово и во Апелациониот суд во Гостивар имале суштински недостатоци во постапката и затоа го вратил случајот на повторно судење.
  • Oбвинителството во случајот против возачот Пајазити, кој на пешачки премин ја усмрти Теодора, поднело обвинение кое не бара најстрога казни
360stepeni

Во повторената постапка, на одржаната главна расправа на ден 07.04.2025 година, откако обвинетиот дал признание на вина судот донел и јавно ја објавил пресудата со која обвинетиот е огласен за виновен за сторено кривичното дело од ‘небрежност’ тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од о чл.300 ст.4 в.в. со чл.297 ст.3 в.в со ст.1 од КЗ и го осудил на казна затвор во траење од 2 (две) години“, Според нив, од нивните аргументи јасно може да се утврди дека судиите на Основниот суд Тетово постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми.

Тие апелираат до сите чинители во општеството да се воздржат од неоправдани коментари и да не се користи, како што наведуваат, ова пресуда за неосновани напади на судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување други цели. 360stepeni