Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека за пожарот под истрага се сопственици, менаџери, корисниците на пиротехниката, обезбедувачите.
Тринаесет обвинители работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани.
По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани, потврдија од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи.
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.