Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, вчера по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршиле претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.
МВР денеска соопшти дека претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во тетовското село Горно Седларце, и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар. Novamakedonija
На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина. Sitel
По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода.
По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар, стои во соопштението од МВР. Fokus
Исто така, беше утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација.
По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода, соопшти МВР. Biznisvesti
Полицијата упадна во фабрика за производство на канабив за медицински цели во Гостивар.
Констатирани се неправилности во делот на одгледувањето на растението, а приведени две лица, сопственикот и вработен во фабриката. Press24
Полицијата лиши од слобода сопственик и вработен на фабрика за канабис во Гостивар за која постои сомнение дека тргувала со своите производи на нелегалниот пазар, информираше Министерството за внатрешни работи. Plusinfo