Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година. Fokus
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Netpress
За 2,5 денари поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
За 2,5 денари поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Kanal5
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт, посочуваат, можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 2,40 проценти во однос на вчерашната одлука на РКЕ. Libertas