Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
24
7.29
19.92
6.88/0.66
24.00
6.43
0.27
2453.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 24
37 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 288.2
Best clustering variants
37 0.99/0.01 3 288.2
Plusinfo

И Судскиот совет е на иста линија со тетовските судии и известува дека во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска во Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од 2 години, како што пресудил Апелацискиот суд во првичната постапка.

„Согласно член 428 од Законот за кривичната постапка, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, се вели во соопштението на Судскиот совет. Plusinfo

  • Во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска од Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од две години, како што пресудил Апелацискиот суд Скопје во првичната постапка, пресече денеска Судскиот совет откако работна група го разгледа предметот и го предаде на целокупниот состав на советот на разгледување.
Telma

Здружението на судии од тетовскиот суд застана зад колега Ферати дека постапил законски и двегодишната казна е максимумот што можел да го досуди и покрај тоа што предметот почнал од почеток, а законскиот распон е од една до пет години.

„Судијата, во повторената постапка, го осудил обвинетиот со максималната дозволена казна затвор, имајќи во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во ЗКП, во ситуација кога по барање на обвинетиот, Врховниот суд ги укинал пресудите и предметот го вратил на првостепениот суд на повторно одлучување и поради оваа забрана новата пресудата не смее да се измени на штета на обвинетиот, ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција“, велат од Здружението на судии од Основен суд Тетово. Telma

  • Во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска од Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од две години, како што пресудил Апелацискиот суд Скопје во првичната постапка, пресече денеска Судскиот совет откако работна група го разгледа предметот и го предаде на целокупниот состав на советот на разгледување.
360stepeni

Во повторената постапка, на одржаната главна расправа на ден 07.04.2025 година, откако обвинетиот дал признание на вина судот донел и јавно ја објавил пресудата со која обвинетиот е огласен за виновен за сторено кривичното дело од ‘небрежност’ тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од о чл.300 ст.4 в.в. со чл.297 ст.3 в.в со ст.1 од КЗ и го осудил на казна затвор во траење од 2 (две) години“, Според нив, од нивните аргументи јасно може да се утврди дека судиите на Основниот суд Тетово постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми.

Тие апелираат до сите чинители во општеството да се воздржат од неоправдани коментари и да не се користи, како што наведуваат, ова пресуда за неосновани напади на судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување други цели. 360stepeni

17:54 h 11-Apr-2025
  • Критики од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за вчерашниот извештај Судскиот совет во која ја оправда одлуката на судијата Ељведин Ферати да одреди двегодишна казна затвор за Менсур Пајазити кој смртно ја прегази 22 годишната Теодора.
  • ◉ По мислењето на Судскиот совет за Ферати – да се преиспита и предлогот на обвинителката Елмази за пониска казна
16:33 h 10-Apr-2025
  • Судскиот совет го објави наодот на работната група во врска со предметот против Менсур Пајазити кој во понеделникот беше осуден на две години затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска.
  • Судскиот совет оцени дека судијата Ферати не можел да изрече повисока казна за возачот што ја усмрти Теодора Ристовска
15:19 h
  • И Судскиот совет е на иста линија со тетовските судии и известува дека во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска во Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од 2 години, како што пресудил Апелацискиот суд во првичната постапка.
  • И СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ОПРАВДА ПРЕСУДАТА НА СУДИЈАТА ФЕРАТИ Толку е правдата за прегазената Теодора
15:09 h
  • Тетовскиот судија Елмедин Ферати, кој го осуди на две години затвор обвинетиот што пред речиси три години смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска, донел законита одлука, велат од подружницата на Здружението на судии на РС Македонија, при Основниот суд во Тетово.
  • Судијата Ферати донел законита одлука, велат од подружницата на Здружението на судии од тетовскиот суд
13:26 h
  • Судиите од Тетово ја бранат одлуката на нивниот колега Ељмедин Ферати дека пресудата од 2 години затвор за возачот Менсур Пајазити кој ја смртно ја прегази младата Теодора Ристовска на пешачки премин е исправна и е практилно максималната казна што можела да се изрече во повтореното судење.
  • ТЕТОВСКИТЕ СУДИИ ГО БРАНАТ КОЛЕГАТА ФЕРАТИ ЗА ПРЕСУДАТА ЗА ПРЕГАЗЕНАТА ТЕОДОРА Немал право на возачот да му даде повеќе од 2 години
12:15 h
  • За пресудата и двегодишната затворска казна за прегузавњето на Теодроа Ристевска, која ја изрече тетовскиот судија Ељмедин Ферати, од подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Тетово велат дека „судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во „Законот за кривична постапка“.
  • Ферати обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, реагираат од подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Тетово
11:55 h
  • Судиите од тетовскиот основен суд застанаа во одбрана на судијата Ељведин Ферати кој пресуди 2 годишна затворска казна за смртта на Теодора Ристевска.
  • Судиите од Тетово во одбрана на судијата кој пресуди 2 години за смртта на Теодора: Повеќе не можеше
Netpress

Како што велат, судијката Верка Костовска која првиот пат го водеше судскиот процес, како и судијата Ељведин Ферати постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми.

„Судијата при одмерување на казната за обвинетиот ги имал во предвид како отежнувачките така и олеснувачките околностите, и тоа: начинот на кој е сторено кривичното дело, кривичната одговорност на обвинетиот, неговиот однос во судницата, околностите поврзани за видот, карактерот, тежината и сериозноста на кривичното дело, условите на патот, околноста дека покојната коловозот го поминувала на обележан пешачки премин, штетните последици кои настанале како резултат на инкримираното дејствие, околноста дека законските застапници на покојната се приклучиле кон кривичен прогон и истакнале имотно правно барање, околноста дека обвинетиот признал вина, изразил жалење за настанот, дека порано обвинетиот не бил осудуван и не се води постапка за друго кривично дело“, велат од Здужението на судии при Основниот суд Тетово. Netpress

360stepeni

Ќе има одговорност“, Судскиот совет попладнево на својата веб-страница го објави наодот на работната група што телото ја формираше за да го испита постапувањето на судовите во конкретниот предмет.

Заклучокот на Советот е дека судијата Ферати не можел да досуди повисока казна, затоа што тоа го забранува членот 428 од Законот за кривична постапка во кој се вели дека: „Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“ Имено, Менсур Пајазити во првиот судски процес пред Основниот суд во Тетово, за прегазувањето на младата Теодора Ристовска пред речиси три години со првостепена пресуда е осуден на три години и шест месеци затвор. 360stepeni

  • Во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска од Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од две години, како што пресудил Апелацискиот суд Скопје во првичната постапка, пресече денеска Судскиот совет откако работна група го разгледа предметот и го предаде на целокупниот состав на советот на разгледување.
Fokus

Против пресудата на Основниот суд Тетово К.бр.436/23 од 30.11.2023 година жалба до Апелациониот суд Гостивар изјавил обвинетиот преку бранител . Вишото јавно обвинителство Гостивар по изјавената жалба доставил писмен предлог ИИИ КОЖ.бр.99/24 од 11.03.2024 година, со кој се предлага изјавената жалба од обвинетиот да се одбие како неоснована.

Апелациониот суд Гостивар закажал и одржал јавна седница на која Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Гостивар, извршил измена на предлогот ИИИ КОЖ.бр.99/24 од 11.03.2024 година, со тоа што предложил делумно да се уважи жалбата на обвинетиот изјавена преку бранителот на начин што на обвинетиот ќе му се изрече поблага кривична санкција . Со пресуда на Апелациониот суд Гостивар КЖ-64/24 од 16.04.2024 година жалбата на обвинетиот делумно се уважува, а пресудата на Основниот суд Тетово К-436/23 од 30.11.2023 година се преиначува само во делот на одлуката за кривичната санкција, така што обвинетиот се осудува на казна затвор во траење од две години. Fokus

Novamakedonija

Од каде тоа правило дека никој, вклучувајќи ја и извршната и законодавната власт, ниту адвокатите, не треба јавно да коментира судски одлуки?!

Напротив, според нашите соговорници, коментирањето и стручната дебата во врска со судските одлуки во демократијата се секогаш добредојдени за да се отворат нови светогледи, нови моменти, да се разбијат и зачауреноста и самодоволноста на судиите, па и да се развие правната наука и да се усогласи судската пракса со цел да се постигне најголема можна правна сигурност за граѓаните, правните лица и сите други форми на дејност и работа во нашата држава Судијата Елведин Ферати од Основниот суд во Тетово донесе пресуда од „дури“ две години затвор за Менсур Пајазити, поради тоа што во септември 2022 година ја усмрти 22-годишната Теодора Ристевска од Тетово, прегазувајќи ја со автомобил на пешачки премин, кој го возел со преголема брзина. Novamakedonija