Со официјалното пуштање во употреба на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување (One stop shop) на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Косово поминуваме во нова фаза на односи меѓу нашите две држави, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Netpress
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ на кој во присуство на премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски и Косово, Албин Курти и министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла и делегации од двете земји, свечено беше пуштен во употреба системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. Fokus
Тој нагласи дека благодарение на посветеноста на двете влади, на министерствата за внатрешни работи и на граничните служби за помалку од една година со изградба на нова физичка и дигитална инфраструктура добиен е вистински функционален систем што овозможува само едно застанување и една пасошка контрола.
Ова е резултат на Договорот помеѓу двете влади и Протоколот што го уредува начинот на гранични и царински контроли, инфраструктурата, размената на податоци и поделба на трошоци. Libertas
Неговиот косовски колега Џељаљ Свечла посочи дека денешното пуштање во употреба на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување претставува значаен чекор на соработка помеѓу двете држави со конкретен резултат кој придонесува за олеснување на меѓународниот проток и приближување на граѓаните од двете земји.
Денеска крунисуваме проект на нашите институции за внатрешни работи со кој се олеснува контролата на овој граничен премин и на граничниот премин Глобочица. Skopjeinfo