Забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц, се очекува со воспоставување на системот на едно застанување на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Република Косово. Nezavisen
Ова беа едни од суштинските теми на средбата одржана помеѓу директорот Бобан Николовски и косовската делегација предводена од директорот на Царинската управа на Косово, Агрон Лугалиу, заменикот министерот за финансии и труд Агон Добруна и директорот за Граници, Фахри Гаши.
Николовски воедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска изврши увид на состојбата на граничниот премин се со цел унапредување на мерките што се преземаат секојдневно за подобрување на контролата на секој влез и излез на патници и стоки. Kanal5
Трговската размена со Косово минатата година изнесувала 470 милиони евра.
При тоа во просек на дневно ниво на овој премин минуваат над 500 камиони. Sitel