Партијата Левица реагира што Судскиот совет не го разреши контроверзниот судија од Кривичниот суд Пајазит Пајазити.
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на одлуката на Судскиот совет кој изрече само 30% парична казна за судијата Пајазит Пајазити, иако, како што тврди таа, било утврдено дека судијата незаконски постапил и го овозможил бегството на припадникот на УЧК, Блерим Рамадани.