Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.
Освен законот за угостителска дејност, во случајот со „Пулс“ имаме непочитување и на законот за инспекциски надзор, потоа закон за заштита и спасување, потоа имаме методологија за проценка на ризик, па има разни правилници, има планови, елаборати во однос на начинот на издавање на тие лиценци, изјави државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Сета документација требало да биде прибрана и врз основа на таа документација, министерот дава лиценца.
Министерството за внатрешни работи постапува на терен за приведување на уште седум полициски службеници, а во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.