1 (13) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 27-Sep 10:03 -> 27-Sep 10:56
.
.
.
.

Кривична пријава за поранешен директор на затворот во Струмица – наредувал да се пуштаат затвореници, а да се заведуваат како присутни

  • Кривична пријава против поранешен в.д директор на КПУ Затвор Струмица за „злоупотреба на службена положба и овластување”

Против поранешен директор на затворот во Струмица поднесена е кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). Четириесет годишниот Б.Ц. од Струмица, додаваат од МВР, во својство на поранешен вршител на должноста директор на затворот, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т.. Осудените лица, како што информираат од МВР, користеле погодности кои не им следувале и не биле присутни во затвор Струмица и по еден месец.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднел кривична приjава против Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.

2 (105) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 11:04 -> 27-Sep 11:00
.
.
.
.

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

  • Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан

  • Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

  • Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Во Охрид тукушто започна заедничката седница на Владите на Република Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.

Заедничка меѓувладина седница на Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.

6 (96) ■ вести > свет ■ 25-Sep 07:30 -> 27-Sep 09:59
.
.
.
.

Нетанјаху: Израелските тимови ќе ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Либан

  • Дали е неизбежна тотална војна меѓу Израел и Хезболах?

  • Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

  • Арапските земји загрижени: Израел го турка регионот во тотална војна

Израелските тимови одржаа состаноци за да разговараат за предлозите на САД за прекин на огнот во Либан и ќе продолжат со разговорите во наредните денови, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека ги цени американските напори.

Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и либанскиот Хезболах последните денови ги поттикна стравувањата дека долгогодишните непријатели незапирливо се движат кон сеопфатна војна, и покрај меѓународните повици за воздржаност.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

Израел го турка регионот во тотална војна, рекоа шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан во заедничката изјава објавена во средата, осудувајќи ја „израелската агресија врз Либан“.

10 (45) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 19:28 -> 27-Sep 10:05
.
.
.
.

Ги исцпривме сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи, вели Филипче

  • (ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

  • Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Cеверна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата

  • ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

Засега ги исцрпуваме сите механизми кои ги нуди деловникот во Собранието, за да законот за бранителите стигне на расправа на соодветната Комисија.

Амбасадорите на државите членки на Европската унија вчера донесоа одлука Албанија да ги продолжи преговорите со Европската унија и да се раздвои од Северна Македонија на патот на евроинтеграциите.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска истакна дека раздвојувањето на Албанија и Македонија на патот кон Европската Унија е тежок пораз на политиките на Владата.

Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“, на телевизија Вели дека условите што треба да се исполнат за членството во ЕУ се јасни, прецизни и во ниту еден момент не ги загрозуваат националните интереси и идентитетот на државата.

12 (50) ■ вести > свет ■ 25-Sep 06:30 -> 27-Sep 10:14
.
.
.
.

Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари

  • Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

  • Трамп повторно со критика до Зеленски затоа што не постигна договор за завршување на војната во Украина

  • Зеленски во Советот за безбедност на ОН: Украина ќе ја победи Русија

Претседателот на САД Џо Бајден за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа соопшти дека ќе обезбеди воена помош за Украина во вредност од повеќе од осум милијарди долари.

Малку е веројатно дека ќе има средба меѓу поранешниот американски претседател и републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на посетата на украинскиот претседател на САД.

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател, Доналд Трамп, повторно го нападна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, затоа што не преговара со Русија за завршување на војната во Украина, тврдејќи дека дури и „најлошиот договор“ би бил подобар од сегашното ниво на смрт и уништување.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот пред Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека неговата земја ќе излезе како победник и целосно ќе ги одбие руските напаѓачи.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

227 (5) ■ бизнис > економија ■ 25-Sep 09:00 -> 25-Sep 10:31
.
.
.
.

Повторно побаравме помош од Србија: Македонски железници изнајми четири локомотиви од „Србија Карго“

  • Македонски железници почнаа да возат за Србија Карго, изнајмени четири локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки, објави „Србија Карго“.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго вчера соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија - Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.