Меџити на состанокот го истакна значењето невладините организации да аплицираат во конкурсот.
„Целта на оваа Програма е да се поттикнат и финансираат конкретни проекти, активности и иницијативи кои ќе придонесат за заштита, унапредување и одржливо управување со нашата животна средина – нешто што е од суштинско значење за здравјето и благосостојбата на сите наши граѓани“ изјави Меџити додавајќи дека НВО-ата има многу значајна улога во делот на подигање на јавната свест, едукација и обуки поврзани со заштитата на животната средина. Skopjeinfo
Дел од овие финансиски средства, информира Меџити се обезбедуваат од еколошката такса при регистрација на моторни возила, дел од надоместок за био-разградливи кеси за пазарење, надомест кој го плаќаат операторите на инсталации со А – интегрирана еколошка дозвола и средства од други владини услуги, што во пракса значи парите на граѓаните ги враќаме пак кај граѓаните.
На состанокот се истакна дека транспарентноста и објективноста се основата на пристапот на МЖСП, а критериуми за невладините организации се да бидат регистрирани најмалку една година пред конкурсот, да делуваат во интерес на јавноста и да немаат поднесено ист проект за финансирање до други извори. Press24