Во овој контекст укажуваме дека уништувањето на највредното богатство на земјата и сите нејзини сегашни и идни граѓани – светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, со пасивно и/или активно учество на државните институции, е дијаметрално спротивно постапување од она кое води до справување со корупцијата и воведување на правна држава, се вели во претставката поднесена од страна на Фронт 21/42, Охрид ЅОЅ, Новинари за човекови права, Балканска Водна Мрежа, Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, Национален Рома Центар Куманово, Институт за комуникациски студии, Центар за правни истражувања и анализи, АРТ ПОИНТ – ГУМНО, О2 Иницијатива, Еко Логик, Вело Училишта, Зелен Хуман Град, Хумани Градови, Грин.орг Кочани, Го Сакам Водно, Здрава Котлина, Институт за човекови права, Центар за управување со знаење, Метаморфозис, Планетум, Еко-Живот, Движење на Екологисти на Македонија и Гоу Грин. Fokus