1 (13) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 28-Apr 07:00 -> 28-Apr 09:11
.
.
.
.

Ново судско рочиште за убиствата на Вања и Панче – Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителство

  • Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

3 (7) ■ вести > македонија ■ 28-Apr 07:04 -> 28-Apr 09:24
.
.
.
.

Од следниот месец стартуваат новите авиолинии до Лион и Барселона

  • ТАВ Македонија и Виз Ер ќе информираат за авиолиниите од Скопје до Лион и Барселона

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.

10 (4) ■ вести > македонија ■ 28-Apr 07:36 -> 28-Apr 08:19
.
.
.

Проверете дали ќе имате струја: ЕВН најави исклучувања за денеска

  • Повеќе скопски општини денеска без струја

Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од 8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД. Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 часот и поголем дел од корисниците од објектите со парен број на ул. „Иван Цанкар“ во населба Влае во општина Карпош.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Црноризец Храбар, општина Аеродром; – во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Сарај – пат за Љубин (кај Џамијата) општина Сарај; – во периодот од 09.00 до 11.30 часот, поголем дел од корисниците од објектите со парен број на улицата Иван Цанкар во населба Влае, општина Карпош; – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Елисе Поповски Марко, Киро Гавриловски, Антон Панов, општина Центар; – во периодот од 09.00 до 14.30 часот, едл од корисниците од ул. Франц Прешерн со бр. од 20 до 40, општина Карпош; – во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул Поп Богомил и трнодол, општина Карпош.

14 (45) ■ вести > свет ■ 26-Apr 00:09 -> 28-Apr 09:02
.
.
.
.

Трамп: Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија

  • Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим

  • Трамп го напушти Рим по погребот на папата Франциск и кратката средба со Зеленски

  • Вашингтон предвидува „одлучувачка недела“ за мировните преговори во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на Русија како дел од мировниот договор, иако Киев постојано ги отфрла таквите предлози.

Портпаролот на украинскиот претседател, портпаролот Сергеј Никифоров изјави дека Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот ќе имаа уште една средба.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го напушти Рим по завршувањето на погребната церемонија на папата Франциск и кратката средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави Си-Ен-Ен. Средбата Трамп-Зеленски во базиликата „Свети Петар“ беше првата средба по нивниот разговор во Белата куќа, кога американскиот претседател се обиде да изврши притисок врз Украина да склучи мировен договор со Русија.

Преговорите за Украина денеска влегуваат во „одлучувачка недела“, предвидоа САД.

Повеќе од
оваа категорија

21 (7) ■ спорт > фудбал ■ 26-Apr 20:11 -> 27-Apr 20:34
.
.
.

Манчестер Сити е во финалето на ФА Купот на Англија

  • Астон вила немаше решение за Сар, Кристал Палас прв финалист во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити сепак ќе се бори за трофеј оваа сезона откако „граѓаните“ се пласираа во големото финале на ФА Купот, откако попладнево на „Вембли“ славеа во полуфиналната пресметка против Нотингем Форест со 2-0. Нотингем има сезона од соништата во Премиер-лигата, но „шумарите“ попладнево беа шокирани по нецели две минути колку што им требаше на „граѓаните“ да поведат со 2-0. Поради ова „црвено-белите“ мораа да го променат пристапот, да ја отворат својата игра повеќе од вообичаено, но сепак се мачеа да го загрозат голот на Сити.

Екипата на Кристал Палас е првиот финалист во ФА Купот каде што се пласираше со денешниот триумф над Астон Вила од 3-0. Кристал палас предводен од одличниот Сар одигра на високо ниво и заслужено обезбеди место во битката за трофејот.

52 (5) ■ спорт > македонија ■ 27-Apr 10:49 -> 27-Apr 17:08
.
.
.

За Кочани: Пандев, Најдоски и Шаќири против Стоичков и Костадинов – фудбал Македонија против Бугарија

  • Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани

Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондација „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година Фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија денеска во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Хуманитарен натпревар меѓу репрезентации составени од фудбалски великани на Македонија и Бугарија ќе се одигра денеска во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Повеќе од
оваа категорија

749703229 (5) ■ бизнис > македонија ■ 28-Apr 07:04 -> 28-Apr 09:06
.
.
.
.

Нова авиолинии од Скопје за Лион и за Барселона