Во тетовската болница синоќа биле нападнати две медицински лица од 23-годишен жител на Теарце додека му пружале лекарска помош.
Вчера во 22.45 часот во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(23) од село Теарце, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал Б.М.(32) од Тетово и Ф.И.(21), вработени во Клиничка болница Тетово, додека му укажувале помош.