Европската комисија (ЕК) бара да разговара со министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија – „Еразмус+“. Од Европската комисија ова го навеле во одговор на прашање од , откако во јавноста се појавија низа реакција во врска со назначувањето на Богојески, а кои главно се однесуваат на неговите ставови искажани за повеќе општествени и политички прашања. Nezavisen
Комисијата не беше вклучена во процесот на селекција и номинација на г. Богојески и сè уште не е официјално информирана за тоа“, велат од ЕК. Оттаму наведуваат дека ја забележале, како што велат, значајната загриженост во врска со некои негови претходни јавни активности и изјави.
„Со оглед на тоа што очекуваме директорот на Националната агенција што раководи со клучната програма на ЕУ да ги поддржува основните вредности на ЕУ, кои вклучуваат почитување на човековото достоинство и права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото, бараме да разговараме за ова прашање со министерот за образование“, велат од ЕК за „Порталб“. Nezavisen
Невладината „Мрежа за заштита од дискриминација“ бара повлекување на одлуката на Владата за именување на лидерот на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – „Еразмус+“. Од невладината сметаат дека Богојески не може да ја врши оваа функција поради неговите изјави со, како што велат, вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности. Fokus
„Сметаме дека назначување на човек кој со своето однесување на социјалните медиуми секојдневно ги гази овие принципи и ги презира луѓето кои ги почитуваат, не само што не е основано, туку претставува и навреда на Програмата која постои повеќе од 35 години и која постојано вложува во развојот на младите.
Истовремено сме и крајно загрижени од реакцијата на Министерката за образование која на укажувањата на повеќе чинители во општеството, вклучително и на Министерот за европски прашања изјавува дека неговата работа требха да се следи со поголем фокус“, се вели во соопштението. Fokus
Тој тврдеше дека властите прикриваат убиство, наведувајќи дека „осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица“ и прашувајќи „дали се веќе пренесени на Косово?!?“ Инаку сите обвинети се Македонци и тоа го објави Обвинителството по ширењето на шпекулациите на Богоески.
Мрежата објави и слики од објавите на Богоески пласирани на социјалните мрежи. Telma