Новиот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски во својата прва прес-конференција вели состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна.
Со 9 гласови ЗА и еден воздржан, на денешната седница на Советот на Општина Кочани за в.д градоначалник е избран незавинсиот советник Венко Крстевски.
Денеска Советот на општина Кочани ја одржува 62. седница на која единствена точка на дневен ред е избор на в.д. градоначалник по оставката на градоначалникот Љупчо Папазов, кој е еден од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени.
Денеска новиот в.д. градоначалник на Кочани, Венко Крстевски на својата прва прес-конференција вели затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти, таква е и во комуналното претпријатие, не се знае дали има директори.