Овој четврток, со почеток во 20 часот, во Даут Пашиниот Амам – објект на Националната галерија на Северна Македонија, ќе се одржи концерт на интернационалното дуо составено од Даниела Неделковска (флејта, Северна Македонија) и Пинар Челик (пијано, Република Турција). Концертната програма опфаќа дела од македонски и турски автори, нудејќи музичко доживување кое ги спојува традициите, културата и естетиката на Балканот и Анадолија.
Во четврток, со почеток од 20:00 часот, во уникатниот амбиент на Даут Пашиниот Амам – Национална галерија на Северна Македонија, ќе се одржи концерт на интернационалното дуо составено од Даниела Неделковска (флејта, Северна Македонија) и Пинар Челик (пијано, Република Туркије). Публиката ќе има ретка можност да ужива во внимателно одбрана музичка програма која ги обединува културните вредности на двете земји, преку изведба на дела од македонски и турски композитори.