Превирањата во коалицијата „Вреди“ продолжуваат откако вчера коалицијата излезе со став дека одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари да одат со посебни советнички листи за советници на претстојните избори е донесена во интерес на ДУИ.
Првиот вицепремиер, еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, очекува АА на Арбен Таравари вечерва да ја реши дилемата и да ја информира коалицијата ВРЕДИ кој пат ќе го избере.
Таравари имал тајни средби со Ахмети и со олигарси, тврди Изет Меџити од Влен.
Лидерот на АА Арбен Таравари вечерва по состанокот на Централното председателство и раководствата на сите ограноци на партијата донеле одлука дека предлогот на другите лидери од Влен кандидатите за градоначалници да ги изберат и поделат самите лидери а не како што предлагала АА изборот да биде од сондажи односно анкети на граѓаните.