Сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје, ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи . Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици денеска ќе работат со следниот временски распоред: Пункт Пролет - двосменски од 07.30 до 19.30 часот; Пункт МТВ - двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров; Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.