Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.
Полицијата денеска информираше дека на 19.04.2025 околу 19.20 часот во с.Побожје, општина Чучер Сандево, полициски службеници запреле товано возило „мерцедес“ со скопски таблички, управувано од 48-годишниот Е.А. од с.Танушевци, скопско.