Вицепремиерот и претседател на Демократското движење – Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во ВРЕДИ, Коалицијата не се распаѓа, туку е уште посилна и појака, бидејќи 107.000 гласови освоени на последните парламентарни избори, вели, беа гласови за промена и надеж и ние остануваме на тој пат. Fokus
Тој не гледа причина со локалните да се одржат заедно и предвремени парламентарни избори, оти вели, парламентарно мнозинство е стабилно, има 78 пратеници засега, а има комуникација и можност тоа да биде над 80 пратеници.
Очекува и на локалните Вреди да биде апсолутен победник и по број на градоначалници и советници на советничките листи, бидејќи вели, ќе понудат соработка и партнерство со невладиниот сектор и со најквалитетните Албанци, некаде ќе поддржат и независни кандидати ако се такви проценките, а ги потенцира и вложувањата на власта во проекти во локалните самоуправи. Netpress