Повеќе од 128.000 луѓе од завчера наутро до денеска до 8 часот поминаа покрај ковчегот со телото на поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за да се збогуваат со него, соопшти Ватикан.
Ватикан упати апел до посетителите кои доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ да не го фотографираат ковчегот со телото, наведувајќи дека станува збор за момент на пиетет, а не за „претстава“.