Папата Франциск ќе биде погребан утре во една од таканаречените „пет папски базилики“, Санта Марија Маџоре, во Рим, каде што телото на поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде пренесено од базиликата „Свети Петар“.
Поворка од верници и црковни службеници, како и шефови на држави, ќе се соберат на плоштадот „Свети Петар“ во 10 часот наутро, каде што потоа ќе се одржи миса за покој на душата на Франциск, Според Ватикан, првиот ред ќе го заземат високи функционери од родната земја на папата, Аргентина и Италија, додека другите лидери ќе бидат подредени по француски азбучен ред.