Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за вклучување на јавноста и подигнување на свеста за значењето на овој голем спортски настан.
Во рамките на саемот „Outdoor and travel fair“, кој се одржува од 25 до 27 април во трговскиот центар Скопје Сити Мол, со свој штанд се претставува и Македонскиот олимписки комитет, како дел од активностите за промоција на претстојниот Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025. Kanal5