Денеска, беше претставен комплетно реновираниот и опремен оддел за висцерална и абдоминална хирургија, на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во вредност од околу 4 милиони денари - донација на компанијата Спорт Лаиф обложувалници. Press24
Во име на целиот персонал, ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка и се надеваме дека ќе биде пример и за другите општествено одговорни компании“ - изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Спорт Лаиф обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка и реализација на проекти во областите на здравството, спортот и други општествени и хуманитарни цели. Skopjeinfo