Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд и нема да има никакви пречки за исплата во наредните месеци рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши од собраниската говорница.
Пратеникот на СДСМ Борче Цветков на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши Пратеникот на СДСМ Борче Цветков на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во врска со новата пресметка за трошоците за таканаречената просечна кошница и промашените мерки на владата за креирање економски политики, кои доведуваат до економска стагнација и влошување на животниот стандард на граѓаните.