Ковчегот со телото на покојниот папа Франциск, претходно пристигна во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што, како што јавија агенциите ќе биде погребан на приватна церемонија.
Ковчегот на папата Франциск беше попрскан со света вода за последен пат.
По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим.
Погребната церемонија на папата Франциск почна на преполниот Плоштад Свети Петар во Ватикан во присуство на илјадници верници и голем број светски лидери.