По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим. Denesen
Големи екрани ќе бидат поставени и на плоштадот Свети Петар.
Верниците уште од утре ќе можат да го посетат гробот на папата во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан. Civilmedia
Папата Франциск, досегашниот поглавар на Римокатоличката црква, ќе биде погребан денеска.
Погребната церемонија ќе започне во 10 часот на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, а по погребната миса ковчегот со посмртните останки на папата ќе биде однесен во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што ќе се одржи самиот погреб. 360stepeni
Поворката со ковчегот на папата Франциск пристигна во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што поглаварот на Католичката црква ќе биде погребан. Skopjeinfo
Со црковни песни, длабоки емоции и солзи, илјадници верници, граѓани и светски лидери му оддадоа последна почит на духовниот водач на Римокатоличката црква.
Погребната церемонија започна утрово во 10 часот на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Denesen
Политичките и религиозните лидери, заедно со илјадници аџии, се собраа во Ватикан за да се збогуваат со Франциск, шест дена откако тој им го даде својот велигденски благослов на оние што се собраа на плоштадот „Свети Петар“.
Последното почивалиште на Франциск: По „поедноставена“ церемонија во Ватикан, телото на Франциск ќе биде пренесено преку реката Тибар за да биде погребано во гробница во римската базилика „Санта Марија Маџоре“. Civilmedia